Во СДСМ денеска работни состаноци, утре ќе заседава Извршниот и Централниот одбор – ММС
ММС

Објавено на: 01/9/22 3:42 PM

Во СДСМ денеска работни состаноци, утре ќе заседава Извршниот и Централниот одбор

За денеска попладне се закажани работни состаноци во СДСМ.

Како што потврдија за МИА од партијата,  утре ќе заседава Извршниот одбор, по што најверојатно во 20 часот ќе има состанок и Централниот одбор.

Конечниот предлог за владиниот кабинет и програмата за работаќе ги испратат во Собранието најверојатно во вторник.

Ковачевски во овој момент не сака да ги коментира неговите адути за министерските места иако во интервју за МИА потврди оти во тимот покрај новите лица, ќе има место и за кадри од претходната Влада.

Од она што е извесно од актуелните министри од СДСМ, Бојан Маричиќ ќе ротира на вицепремиерското место за евроинтеграции наместо Димитров, а неофицијално Оливер Спасовски и Фатмир Битиќи ќе ги задржат актуелните позиции, како и Горан Милески од ЛДП кој ќе остане на чело со локална самоуправа. Неизвесно е дали Петре Шилегов ќе стане министер за транспорт и врски, и дали во тимот на Ковачевски ќе има место за Благој Бочварски и Љупчо Николовски кој неофицијално се споменува дека ќе се врати во земјоделство. Имињата правда, одбрана, и труд и социјална политика остануваат енигма.

Партијата на Ахмети задржува шест ресори како и досега, а најверојатно наместо информатичко општетсво и јавна администрација кое го презема Алтернатива, ќе го добијат ресорот образование и наука. Од партијата на Гаши веќе е познато дека имаат три министерства, а здравство ќе го води Беким Сали.

ДУИ, пак, како што и претходно најави, нема да прави промени.

За новата Влада се очекува да се гласа наредниот викенд на 15 или 16 јануари.