МВР ќе плати 1,4 милион евра за осигурување на полициските хеликоптери – ММС
ММС

Објавено на: 01/12/22 7:00 PM

МВР ќе плати 1,4 милион евра за осигурување на полициските хеликоптери

Министерството за вантрешни работи ќе плати 1,4 милиони евра за да ги осигура полициските хеликоптери.

Договорот е склучен со Еуролинк Осигурување, полисите се за една година и важат од 1 јануари годинава, додека  договорот е склучен последниот ден од 2021 година.

Осигурани се пет полициски хеликоптери, а имаат авионско осигурување за територија на Европа, потоа осигурување од авиоодговорност за територијата на Европа, има осигурување за лица од последици од несреќа за пилотски и механичарски седишта.

Осигурани се од несреќа и лицата во патнички седишта, а пилотите и техничкиот персонал се осигурани и во слуачај на смрт од несреќен случај и од делумен и траен инвалидитет од несреќа.

(А.С.)