„Дрисла“ набавува машини за 886.000 евра – Потпишала и договор за солемнизација, ако не плати три рати компаниите одат на присилно извршување – ММС
ММС

Објавено на: 01/14/22 1:00 PM

„Дрисла“ набавува машини за 886.000 евра – Потпишала и договор за солемнизација, ако не плати три рати компаниите одат на присилно извршување

Јавното претпријатие за депонирање на комунален отпад  „Дрисла“  набавува нова градежна механизација и тоа на одложено плаќање.

Механизацијата вреди околу 886.000 евра, а договорите се склучени со две фирми „Корковадо“ од Белград и „Инжконсулт“ од Скопје. Фирмите треба да ги испопрачаат машините во рок од 90, а другите за 36  денови, додека „Дрисла“ треба да ги отплаќа на рати на 36 месеци.

Станува збор за индустриска машинерија булдожер за депонија, две возила и натоварувач на тркала две машини. Но, она што е најинтересно е дека „Дрисла“ потпишала договор за солемнизација на нотар со двете фирми, со кој се обврзува ако задоцни три месеци во исплатата, компaниите да можат присилно да го наплатат веднаш целиот долг плус затезна камата.

Двата булдожери за депонија кои треба да ги испорача белградската фирма „Корковадо“ чинат 590.000 евра, а двата натоварувачи на тркала од фирмата Инжконсулт“ од Скопје чинат 296.000 евра.

(А.С.)