Мажите со смисла на хумор се најдобри љубовници – ММС
ММС

Објавено на: 01/8/22 5:00 PM

Мажите со смисла на хумор се најдобри љубовници

Експертите го истражувале сексуалното минато на жените и се обиделе да утврдат со кои партнери имале најдобри интимни односи и најчесто доживеале оргазам.
Во истражувањето учествувале жени помлади од 69 години кои не се во врска или брак, бидејќи експертите сметале дека жените во врска ќе се чувствуваат обврзани да му дадат подобра оценка на својот сопружник, дури и ако тој не го заслужува тоа. Во тест од 70 минути, испитаниците одговарале на различни прашања за нивниот сексуален живот, а врз основа на нивните одговори, истражувачите откриле дека најдобриот сексуален однос имале со мажи кои имаат развиена смисла за хумор.
Целта на истражувањето била да се открие кои мажи имаат најдобри квалитети за љубовник во очите на жените. Целта било да се открие и со кој тип на љубовник испитаниците имале најлесни оргазми – а со кого не. Резултати од истражувањето покажале дека духовитите, креативните, мили и верни мажи ги имаат најдобрите квалитети како љубовници. За таквите мажи е интересно и важно што знаат како најдобро да ја доведат жената до кулминација. Покрај тоа, тие зборуваат поотворено – дури и за сексот и преференциите – па повеќе работат на предиграта. На жените им било важно и мажот да мириса убаво.

извор: pink.rs