Асфалтирање на улица „Петта Партиска“
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска ќе изврши увид во асфалтирањето на улицата „Петта Партиска“ во населбата Сењак, при што ќе даде изјава за медиуми.
Септември 2018 – месец на Индустриска Сопственост
Денеска, 3 септември, во ОМЦ „Киро Глигоров“ со почеток во 11:00 часот ќе се одржи средба по повод месец на индустриската сопственост. Средбата ќе ја отворат градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, и заменик директорот на ДЗИС, Горан Герасимовски.
На средбата за надлежностите на ДЗИС и постапката за заштита на патент ќе зборува Али Асани, државен советник за индустриска сопственост, а за постапката за заштита на Трговска Марка, Индустриски Дизајн и Географски Назив ќе зборува Симчо Симјановски, раководител на секторот за ТМ, ИД и ГН.
Прв Пливачки Митинг „Челични Куп“
Во сабота, на 1 септември, беше успешно реализиран првиот Пливачки Митинг „Челични Куп“ на градскиот базен во Штип, на кој учествуваа повеќе од 150 пливачи од најдобрите пливачки клубови од Македоинја. За организацијата на овој Пливачки Митинг помогнаа: градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, најдобриот маратонски пливач, Евгениј Поп Ацев, како и голем број граѓани и ентузијасти.
Изборно првенство во карате
Во Штип во недела, на 2 септември, се одржа Изборното првенство во карате за состав на Државната репрезентација која
Објавено на: 09/3/18 12:19 PM