Бајрам Реџепи: Во двете понудени алтернативи за гасовод ќе се сече иста количина на дрва како и на Водно – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/18 2:46 PM

Бајрам Реџепи: Во двете понудени алтернативи за гасовод ќе се сече иста количина на дрва како и на Водно

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ повторно го потврдува ставот „да“  за гасовод но „не„ низ Водно. Тие се уште го  бараат одговрот од надлежните „Зошто гасводот да се гради низ Водно“. Посочуваат дека има четири алтернативни траси, но зошто се уште не се разгледани.

„Во однос на тоа дека трасата е променета, да трасата е променета повторно на Водно. Пак  ќе прашам „Зошто мора да оди низ Водно ?“. Не знам зошто толкав отпор се јавува кај Владата дека ова е единствениот начин, јас ви реков ако е единствен начин тогаш дај те презентирајте ни зошто тој е единствен начин“, вели Татјана Стојановска од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“.

Енергетски, економски и еколошки бенефити има изградбата на гасоводот, соопшти министерот за економија, Крешник Бектеши. На ова пак од граѓанската иницијатива велат дека бенефините не се спорни, туку главното прашање е кои се  бенефтните што ќе поминува гасоводот низ заштитениот парк шума Водно.

„Ние бараме да се направи ревизија на проектот, да се промени трасата од Арачиново до Жеден односно на подегот од Скопската котлина и таа гасоводна траса да не минува низ заштитени поддрачја, односно парк шума Водно“, вели Андреј Јанков, од „Го сакам Водно“.

Зошто не за понудените алтернативи за гасоводот, Реџепи посочи неколку причини.

„Ако оди низ Скопска Црна Гора ќе треба да помине низ ерозивен терен, а тоа не е дозволено. Ако поминува низ обиколница треба да поминува низ урбанизирани земјишта, скапа и долга експоприација. И во двата случаи се сече иста количина на дрва како и на Водно, дури и повеќе“, изјави директорот на МЕР, Бајрам Реџепи.

Граѓаните од полошкиот регион не задоволни бидејќи не биле поканети на јавната дебата, иако поканата од градоначалникот на Град Скопје беше јавна. Шилегов најави дека тука не завршува расправата, ќе се дебатира се додека има простор за тоа и не се изнесат сите аргументи.