Јелена Крлеуша го пријави својот бивш сопруг Душко Тошиќ во полиција за семејно насилство, по што му е изречена забрана за приоѓање 48 часа. Неговите адвокати иајавија дека тој не ја нападнал, и дека не е виновен, а Душко призна дека се скарале, но дека не кренал рака на неа.
На местото на настанот пристигнала полициска патрола која утврдила дека Душко Тошиќ, наводно, прво ја плукнал Јелена, а потоа и удрил толку силно шамар што и го отсекол лицето. Соседите на естрадната двојка истакнуваат дека вчера не слушнале ништо кога поминале покрај вилата на поп парот за време на драмата што се одвивала, но дека во еден момент ја виделе полицијата.
– Апсолутно ништо не слушнавме, ја видовме само полицијата пред нивната куќа, братот на Јелена Марко и нејзината тетка како во еден момент излегуваат од дворот – изјавиле соседите за Блиц.
– Не сме ги виделе ни Душко ни Јелена… Душко ретко доаѓа, постојано патува и најмногу време го поминува со ќерките кога е во Белград. И кога ќе ги сретнеме, секогаш пријатно се поздравуваме-, изјавиле соседите
Засега не се знае која била причината за насилната и експлозивна расправија, но се знае дека Јелена околу 12.20 часот се јавила во полиција и пријавила дека Душко ја претепал.
Ова не е првпат Јелена да го пријави Душко во полиција. Пеачката пред две години изјави дека Тошиќ психички ја малтретира и дека и ја вртел раката, а сето тоа тој го негирал и рекол дека се расправале бидејќи имаат несогласувања во бракот. Пејачката подоцна се предомислила и не сакала да го гони.
извор и фото: kurir.rs