Од АМСМ информираат декка соообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, а снег врне на Попова Шапка и послабо на Стража, Маврово и Пресека.
„На патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација“, соопштија од АМСМ, од каде препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила, од 15.11.2021 до 01.04.2022.
Објавено на: 01/8/22 9:41 AM