За време на зимските вечери, сакаме само да се сместиме во омиленото ќебе со шолја топол пијалок и да уживаме во добра серија или филм.
Студените вечери можете дополнително да ги разубавите со малку топло чоколадо, но наместо класичната верзија, оваа зима пробајте ја со додавање на рум и цимет.
СОСТОЈКИ ЗА ТОПЛО ЧОКОЛАДО СО РУМ И ЦИМЕТ:
– 1,5 литри млеко
– 25 кг сечкано темно чоколадо
– 200 мл слатка павлака
– 1 лажичка цимет во прав
– 5 лажици рум
ПОДГОТОВКА НА ТОПЛА ЧОКОЛАДА:
Во поголем сад ставете млеко, павлака, рум и цимет. Загрејте до вриење на средна топлина. Кога сè ќе зоврие, тргнете го од оган и веднаш додадете го чоколадото. Добро измешајте со жица додека не се стопи целото чоколадо и се соедини со течноста. Истурете во чаши и послужете веднаш. Топлото чоколадо можете да го декорирате со изматена слатка павлака, колачиња од бел слез или некој друг додаток по желба.
Преземено од: https://zadovoljna.dnevnik.hr/
Фото: Shutterstock