Новак Ѓоковиќ и натаму е затворен во хотел после доаѓањето во Австралија, откако му беше укината визата. Властите го одбија неговото барање да биде префрлен во друг хотел, а се крена бура поради конференцијата за медиуми која ја организираше неговото семејство.
Татко му Срѓан рече дека Ноле бил држен како заробеник, брат му Ѓорѓе прочита емотивна порака која ја добиле од тенисерот, додека мајка му Дијана беше емотивна како никогаш досега.
– За мене е многу тешко да го минувам ова, затоа што Новак ова не го заслужи. Никој тоа не го заслужува, а не тој кој девет пати го освоил Австралија Опен. Сега е очигледно политичка одлука да не може да влезе во Австралија и да игра. Тоа е скандалозно, да го држат во нечиста соба, да не смее да има контакт со нас. Ова е политички атак на Новак, тој е жртвено јагне, а за мене е голем победник со големо П – рече Дијана.
Мајката на најдобриот тенисер во светот откри дека Новак не можел да спие кога последен пат комуницирале, а имала и силна порака кон него.
– Тој е револуционер кој го менува светот и тоа веќе почна. Се надевам дека нема да му ги скинат крилата како што наумиле, а ние ќе му дадеме поддршка да биде свој – додаде Дијана.
извор: Mondo.rs
фото: www.tennisworldusa.org/