Бачев обвинува за притисоци од власта: Поради руското знаме, полицијата присилно ќе ја исели партијата – ММС
ММС

Објавено на: 09/3/18 8:55 AM

Бачев обвинува за притисоци од власта: Поради руското знаме, полицијата присилно ќе ја исели партијата

Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ја известило партијата Единствена Македонија дека денеска со полициска асистенција ќе бидат тргнати руското знаме и македонското знаме со шеснаесеткракото сонце кои се поставени на седиштето на партијата. Покрај ова било најавено дека и самата партија ќе биде иселена од просториите. Партискиот лидер, пак, Јанко Бачев на прес конференција претпладнево рече дека имаат валидна основа за престој во зградата каде е сместена Единствена Македонија.

При тоа од Јавното претпријатие ни беше доставен наводен имотен лист кој дава сомнеж дека е фалсификуван од повеќе причини.Овој имотен лист се однесува на зграда лоцирана на улица „Даме Груев“ број 1. Меѓутоа, ова е „Даме Груев“ број 10. Исто така и во Централниот регистер партијата е регистрирана со адреса „Даме Груев“ број 10, а во Регистерот за да се регистрира еден правен субјект треба да има валидни докази. Ние направивме проверка и видовме дека зградата број 1 е спроти Собранието. Интересно е што таа зграда е на поранешно Центро, исто како и оваа. Меѓутоа, очигледно со овој фалсификуван лист сакаат да земат две згради. Инаку што се однесува до нашиот валиден основ за престој овде, оваа зграда е на поранешно АД Центро кое го врати имотот во стечајната постапка. Пред 12 години ние како Единствена Македонија или поранешна Народно движење за Македонија ги земавме овие простории кои ги користиме и тука сме веќе 12 години – објасни Бачев.

Тој реагираше дека се соочува со притисоци од власта, а причините за ова ги лоцира во партискиот став дека претстојниот референдум треба да се бојкотира.