„Правилата се правила, никој не е над правилата“, рече австралискиот премиер за случајот со Ѓоковиќ – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/22 11:38 PM

„Правилата се правила, никој не е над правилата“, рече австралискиот премиер за случајот со Ѓоковиќ

Драмата со Новак Ѓоковиќ во Австралија уште трае иако пред половина час беше објавено дека нема да го пуштат да влезе во земјата.

Веднаш потоа се огласи и премиерот на АВстралија, кој на својот Твитер профил напиша:

– Визата на Ѓоковиќ е откажана. Правилата се правила, особено кога се во прашање нашите граници. Никој не е над овие правила. Нашите силни гранични политики беа од клучно значење за Австралија да има една од најниските стапки на смртност во светот од Ковид, ние продолжуваме да бидеме будни, напиша тој.

Фото: Твитер