Ѓоковиќ испрашуван за медицинското ослободување од вакцинација и не смее да го напушти аеродромот во Мелбурн – ММС
ММС

Објавено на: 01/5/22 5:50 PM

Ѓоковиќ испрашуван за медицинското ослободување од вакцинација и не смее да го напушти аеродромот во Мелбурн

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, не може да го напушти аеродромот во Мелбурн додека не се разјаснат деталите за тоа како добил медицинско ослободување од вакцинација против коронавирус.

Србинот пристигна во Австралија околу полноќ по локално време и веќе три часа е во транзитната зона.

„The Age“ пишува дека граничната служба на Австралија го испрашува Ѓоковиќ за оправданоста на медицинскиот исклучок. Нивниот извор во австралиската влада рече дека основата за медицинското отстранување на Ѓоковиќ е прележаниот ковид во последните шест месеци.

Но, граничарите може да не го пуштат во државата согласно законот и неговиот настап на Австралија опен е неизвесен.

МИА