Обожавателите на серијата „Очајни домаќинки“ оваа година ја дочекаа во агонија – меѓу надежта и очајот – сето тоа благодарение на енигматичното соопштение на официјалните канали на серијата. На самата новогодишна ноќ на сите официјални профили на серијата беше објавена фотографија од главните актерки со двосмислена реченица.
„Додека „очајно“ ја чекаме 2022 година“, тоа беше доволно за да предизвика делириум кај многу фанови кои се убедени дека во таа објава има скриена порака. Многумина беа занесени и ги затрупаа социјалните мрежи со нивните изливи на надеж.
„Чекај, „Очајни домаќинки“ се враќа? Би сакала да го гледам тоа!“, „Што се случува?“, се само дел од коментарите на гледачите кои се уште се сеќаваат на серијата 10 години откако престана да се емитува.
*Desperately* waiting for 2022. pic.twitter.com/Io6cN99giO
— Desperate Housewives (@DesperateABC) December 31, 2021
Меѓу нив има и скептици, бидејќи самата објава не потврдува апсолутно ништо, но помешана со гласините за заживување на „Домаќинките“ кои кружат последните неколку недели – доволно е интригантна за да влее надеж. Можеби за тоа придонесе и враќањето на втората култна серија „Сексот и градот“, која неодамна се врати на малите екрани во новата форма „И тек така“.
На бранот на оживување на стари ликови и познати личности во новите фази од животот, едно е сигурно – секако постои интерес за нови продолженија од домаќинките од Вистерија Лејн.
Извор: stil.kurir.rs
Фото: Твитер