Директорката на Упавата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска ги оцени како шпекулација тврдењата дека ќе се укине проектот Мој ДДВ и посочува дека преку оваа мерка досега им се вратени повеќе од три милијарди денари на околу 350 илјади корисници.
-Сметам дека Мој ДДВ е еден од поуспешните проекти. Длабински го работевме и чекор по чекор го унапредувавме и ќе продолжиме да го унапредуваме. Заеднички ќе ги утврдиме сите проекции дали ќе има простор за зголемување на лимитот за поврат на средствата. Досега имаме околу 350 илјади корисници на мерката Мој ДДВ и од самиот старт досега имаме вратено повеќе од три милијарди денари назад кај корисниците на мерката. Ги отфрлам сите шпекулации дека ќе се укине оваа мерка“, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во УЈП со министерот за финансии Фатмир Бесими.
Потврди дека дел од вработените во УЈП се државни службеници, а сите останати се даночни службеници и додаде дека постепено ќе бидат трансферирани заради разликите во нивните плати.
Објавено на: 01/4/22 2:34 PM