Со лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча и го копале гробот на Јелена – Обвинение за тројца кумановци – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/22 1:46 PM

Со лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча и го копале гробот на Јелена – Обвинение за тројца кумановци

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе Обвинителен предлог против три лица кои се товарат дека како соизвршители се обиделе да извршат кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка1 во врска со член 19 и член 22 од Кривичниот законик.

Двајца 30-годишници и едно лице на возраст од 32 години, сите од Куманово, заедно и по претходен договор, ноќта помеѓу 9 и 10 октомври, на Градските гробишта во Куманово, се обиделе да одземат туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат.

Со помош на рачен алат, лопати и ашов ја тргнале мермерната плоча со која бил покриен еден од гробовите, по што започнале да ја ископуваат земјата и дошле до ковчегот во кој се наоѓало телото на покојната Јелена Филиповиќ.

Го отвориле ковчегот и започнале да вршат пребарување на телото со цел да пронајдат златен накит, бидејќи имале сознанија дека покојната наводно е закопана со злато на себе. При пребарувањето не успеале да пронајдат ништо, поради што делото не го довршиле.​