И чајот може да биде штетен – пијте најмногу пет шолји дневно – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/22 1:54 PM

И чајот може да биде штетен – пијте најмногу пет шолји дневно

Пиењето чај има бројни придобивки за нашето здравје, но љубителите на овој пијалок понекогаш може да претераат. Чајот е богат со кофеин, флавоноиди и флуор. Истражувањата покажаа дека пиењето три шолји чај дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања за 11 проценти.

Сепак, прекумерното консумирање чај може да доведе до некои проблеми. Имено, чајот содржи околу 40 мг. кофеин по чаша, покажуваат резултатите од Универзитетот Браун. Пиењето премногу чај може да доведе до зависност од кофеин, што ќе ви ја отежне концентрацијата, ќе ве натера да се чувствувате нервозни или ќе го наруши вашиот ритам на спиење. Од друга страна, се верува дека танинот од чајот може да ја попречи способноста на телото да апсорбира железо доколку се консумира во прекумерни количини. Покрај тоа, големите количини на чај може негативно да влијаат врз дејството на некои лекови.

Колку чај е премногу? Бројни студии се обидоа да одговорат на ова прашање. Некои велат дека е доволно да пиете меѓу две и четири шолји чај дневно, додека други тврдат дека не треба да пиете повеќе од 10. Во просек, три до пет шолји чај дневно е во ред.

Iзвор: Pink.rs