Филмот „Тома“ ја разбранува целата балканска јавност. Но, малкумина знаат како изгледаат децата од вистинскиот живот на Тома Здравковиќ од бракот со Олгица, со која ја имаат ќерката Жаклина.
Олгица и Тома се венчале во 1963 година, а набргу потоа се развеле. Жаклина е првото дете на Тома, а денес живее во Холандија и е мајка на две момчиња.
„Живеев краток период од мојот живот со него и кога умре, бев многу, многу тажна. Живеете со фактот дека тој е дел од вас, дека постои во мене, во мојот брат, во песните, кај другите луѓе кои давале убави чувства, рекла еднаш таа за „Глоси“.
Жаклина е во многу добри односи со нејзиниот полубрат Александар.
Тома го добил синот Александар од бракот со сопругата Гордана, живее во Торонто, градот во кој се запознале неговите родители.
Дека гените се чудо покажува и фактот дека тој е и музичар, а музичката кариера реши да ја започне во Торонто, каде отворил приватно музичко студио.
„Кога ќе дознаат чиј син сум, прво ме прашуваат како сум растел со него. Се претставував како Александар Саша, за да го избегнам товарот од презимето Здравковиќ. Бев премлад кога умре, дури подоцна сфатив колку значи за музиката и другите и што оставил зад себе. Дури на 16-17 години, кога почнав да се заљубувам, почнав да ги разбирам неговите песни. Наместо да одам во парк, со него одев во казино“, рекол Александар, кој имал 13 години кога татко му починал, пренесува Еспресо.