Близнаци родени со разлика од само 15 минути имаат роденден во различен ден, месец и година, откако едно од бебињата се роди точно во полноќ на новогодишната ноќ.
Фатима Мадригал и Роберт Трухилијо, од Гринфилд во Калифорнија, ги дочекаа своите близнаци Алдредо и Ајлин, во различна година, во медицинскиот центар Нативидад.
Синот Алфредо се родил во 23:45 минути на 31. декември, а ќерката Ајлин на полноќ на први јануари, 2022.
Мајката Фатима вели дека е „лудо“ што нејзините деца ќе имаат различен роденден, но сепак и е драго што Ајлин стигнала ден покасно.
– Бев изненадена и среќна што дојде на полноќ, вели Фатима.
Докторката од медицинскиот центар, Ана Абрил Ариас, вели дека ова било дефинитивно едно од највпечатливите породувања во нејзината кариера
– Ми беше апсолутно задоволство што успеав да им помогнам на малечките безбедно да стигнат на свет, во 2021 и 2022 година. Ова е многу неверојатен почеток на годината, вели докторката.
Секоја година во САД се раѓаат околу 120 илјади близнаци, што е околу три отсто од сите породувања, но исклучително е ретко тие да имаат родендени во различен ден, а камоли па година.