Пендаровски: Референдумот е историска крстосница на која треба да кажеме „да“ за македонската иднина – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/18 3:37 PM

Пендаровски: Референдумот е историска крстосница на која треба да кажеме „да“ за македонската иднина

На 30-ти септември, референдумот што е закажан е практично по својата тежина и значење е еднаков со референдумот од 1991 година до сега. Тогаш македонските граѓани гласаа да имаме држава, сега на 30-ти септември таа држава дефинитивно во меѓународни рамки да биде запечатена, да биде осигурана и да биде од сите признаена како држава во која живеат граѓани од различна вероисповед, граѓани од различна национална припадност, но во која живеат етнички Македонци кои зборуваат на македонски јази – порача денеска од Битола, националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски.

„Која е цената која треба да ја платиме како што велат нашите политички опоненти, за да влеземе во двете најмоќни и најефикасни меѓународни организации ЕУ и НАТО? Според мене и според нас, кои сме во таборот за гласање ЗА референдумот, сметаме дека нема практично никаква цена и никаква штета која треба да ја понесеме како Македонци, како луѓе кои живеат во оваа земја, затоа што со договорот во Грција практично е зацементиран македонскиот идентитет и македонскиот јазик, придавката македонски и кодовите мк и мкд тоа што беше досега признаено и препознавано овде во нашите граници. Ние знаеме кои сме и што сме, нормално, сега ќе биде признаено и потврдено од целиот свет како што во меѓународните организации, како што е најголемата Обединетите Нации. Македонскиот јазик ќе се преведува на сите 6 официјални јазици во таа Организација во која членуваат 193 членки“, додаде тој денеска.

Пендаровски истакна дека не ги разбира оние кои повикуваат на бојкот на референдумо:
„Можам да разберам некој да биде против, легитимно е, демократско право на секој од нас, но зошто да се иде на бојкот во ситуација кога станува збор за историска крстосница на која треба да кажеме да за македонската иднина“.