Нови 242 ковид заболени, оздравеа 247 пациенти, а починаа шест – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/22 2:24 PM

Нови 242 ковид заболени, оздравеа 247 пациенти, а починаа шест

Од направени се 3.561 тестирања, регистрирани се 242 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Во: Скопје – 173, Прилеп – 12, Битола – 10, Кавадарци – 9, Куманово – 6, Гевгелија – 5, Велес – 4, Тетово, Гостивар, Охрид, Струмица и Струга – по 3, Кочани и Делчево – по 2, Кичево, Крива Паланка ,Дебар и Валандово – по 1.

Евидентирани се 247 оздравени пациенти од: Скопје – 101, Битола – 19, Прилеп и Струмица – по 15, Охрид и Валандово – по 11, Тетово – 10, Куманово и Ресен – по 9, Кавадарци – 8, Велес и Кочани – по 5, Крива Паланка и Виница – по 4, Кичево, Штип, Радовиш и Македонски Брод – по 3, Гевгелија и Пробиштип – по 2, Струга, Свети Николе , Кратово , Богданци и Демир Хисар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица: 2 од Скопје (71г и 87г), и по едно лице од Кавадарци (84г), Охрид (72г), Струга (74г) и Ресен (80г). Починати се во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.611.793 тестирања на ковид-19. вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 225.972, бројот на оздравени пациенти е 213.174, на починати е 7.981, а на активни случаи изнесува 4.817.