За достоинствена прослава на Бадник и Божиќ – Секој утре може да донира прехранбени продукти во градската библиотека во Радовиш – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/22 2:12 PM

За достоинствена прослава на Бадник и Божиќ – Секој утре може да донира прехранбени продукти во градската библиотека во Радовиш

Утре и другиден, 4. и 5. јануари во Радовиш ќе се организира иницијативата „Божиќна трпеза“ која има за цел да собере прехрамбени продукти за семејствата кои не се во можност самостојно да ги набават за да можат достоинствено да ги прослават Бадник и Божиќ. 

Напрво на 4. јануари ќе има отворен ден каде секој може да ја поддржи активноста и да донира прехрамбени продукти по свој избор, во градската библиотека „Браќа Миладиновци“.
Потоа собраните продукти, откако волонтерите еднакво ќе ги распоредат и спакуваат, а според листа утврдена со релевантни институции, на 5. јануари ќе бидат дистрибуирани до семејствата на кои им се потребни. 

Да се постои, значи свесност за сопственото живеење со сите структури и содржини на животот.

Што е тоа што животот го поврзува со постоењето?

Иницијативата на “Божиќната трпеза”, преку која ја креираме нашата колективна, општествена, повисока свесност и одоворност за оние семејства, наши сограѓани, кои од било која објективна причина не се во можност самостојно да ги набават неопходните прехранбени производи,  за достоинствено прославување на Бадниковата вечера и дочекување на Божиќ е одраз на човековата потреба на животот да му даде шанса за самореализација. .

Едукација преку чинот  креација е шанса да се слушне и разбере се, да се овозможи дијалог меѓу релативните вредности, да се насети копнежот во сите нас, за вредностите кои се вечни.

International Association for Human Values (IAHV) во соработка со Општина Радовиш, како носители на иницијативата, поддржана од  библиотеката “Браќа Милодиновци” – Радовиш, деловната заедница,  невладиниот сектор и секој поединец кој би сакал активно да се вклучи со свој придонес, ја организираат “Божиќната трпеза”.