Секоја изгубена минута може да значи изгубен живот – Тетовските пожарникари на голема мака со несовесните граѓани – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/22 12:03 PM

Секоја изгубена минута може да значи изгубен живот – Тетовските пожарникари на голема мака со несовесните граѓани

Тетовските пожарникари мака мачат додека стасаат до населбата, или пак населеното место каде избувнале пламените јазици. Друг проблем имаат и кога ќе стасаат, немаат пристап, па мораат да одат пеш, откако ќе го остават противпожарното возило паркирано и стотина метри подалеку од местото на пожарот.

-Во Тетово се е блокирано, најкатастрофа е во наслебите Горна Чаршија, кај тетовското Арабати Баба Теќе, но и во стариот дел на градот. Таму и улиците се тесни, но и на тие тесни улици има возила паркирани.Кога ќе добиеме повик оттаму, повеќе се плашиме како ќе стигнеме, отколку како ќе ги угасиме пламените јазиици. Па ги оставаме нашите возила и пружаме црева и до стотина метри од самите возила, од каде ја земаме водата се до пожарот. Мора граѓаните да обрнат поголемо внимание, да ги оставаат проодни патиштата, а не да се паркираат возила кој каде ќе му текне, затоа што секоја изгубена минута, може да значи изгубен живот и голема материјална штета, вели Ука Алити командир на ТППЕ Тетово.

Ука Алити

Тетовскиот регион годинава урива рекорди по број на интервенции во гасење на пожари, за разлика од минатите години. Досега се интервенирало над 640 пати, или 100 пати повеќе од лани, или во просек, се гасат пожари два пати на ден. Зимава е карактеристична со избувнувањете на пламени јазици поради несчиситени оџаци .

-И покрај големите катастрофи кои се случија поради неисчистени оџаци, граѓаните пак не се освестија и не ги чистат редовно оџаците. Речиси секој втор ден, нашите екипи интервенираат на места каде избувнал пожар поради неисчистен оџак, а од еден неисчистен оџак може да се случи тешка катасторфа, особено на висококатница, каде живеат десетици семејства, рече Ука Алити команидр на ТППЕ Тетово.

Дополнително работата на тетовските пожарникари ја отежнува и регионот кој го осплужуваат, односно петте рурални општни од тетовско кои немаат противпожарни друштва, иако имаат законска обврска, па на крај нема кој друг и за интервенција на доброволна основа одат тетовските пожарникари и до населени места оддалелечени од градот и до 35 километри, но додека да пристинат, се случува пожарот веќе да го проголта целиот објект.

(З.Д.)