Молдавците протестираа за обединување со Романија – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/18 11:16 AM

Молдавците протестираа за обединување со Романија

Неколку илјади демонстранти вчера протестирале во молдавскиот главен град Кишињев барајќи обединување на нивната земја со Романија.

Демонстрантите носеле романски знамиња и транспаренти со кои повикувале Бесарабија, како што е старото име на Молдавија, да се спои со Романија.

Собирот се организирал на стогодишнината од обединувањето на Романија и Молдавија по Првата светска војна. На собирот учествувале и политичари од Романија.