Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Удово-Валандово, кој утрово од 8:45 беше во прекин поради одржување на спортска манифестација – соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
Оттаму додаваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.