(Видео) Шок во Египет: Прво паѓа град, па потоа снег, а туристите бегаат во паника – ММС
ММС

Објавено на: 01/2/22 1:16 PM

(Видео) Шок во Египет: Прво паѓа град, па потоа снег, а туристите бегаат во паника

На првиот ден од 2022 година во египетското летувалиште Хургада паѓаше прво град, а потоа снег. Мештаните и туристите објавија снимки од невремето на социјалните мрежи.

Поради невремето некои провинции ширум Египет најавија затворање на училиштата, пренесе „Египет Денес“, а жителите се повикани да се држат понастрана од дрвјата, билбордите и лампионите.

На видеата се гледаат ледени топки кои за кратко ја побелее Хургада, а некои од нив имале големина на тениско топче. Туристите останале во шок од глетката и бегале кон своите хотели за да се засолнат од снегот и градот.

 

Извор: Nova.rs

Фото и видео: Twitter/globalbreaking.org/