Ја освоив сопругата пишувајќи ѝ писма – рекол Ивица Дачиќ, познат српски политичар, кој бил гостин на телевизија Курир.
Тој отворено објаснил како се случила средбата меѓу неговата сопруга и него.
– Нејзината и мојата приказна е невообичаена. Еден мој пријател ми кажа дека и се допаѓам на една девојка. Не ни знаев која е таа. И испратив писмо до невидено, на непозната девојка… – рекол Дачиќ, не криејќи ги чувствата кон сопругата и додаде:
-Кога дојде на состанокот го донесе писмото. Јас тоа го организирав преку другарот, рече тој, но не откри што пишувало во него.