Годината ќе биде бериќетна – Три бебиња родени ноќеска на ГАК, едно во ковид центарот – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/22 11:32 AM

Годината ќе биде бериќетна – Три бебиња родени ноќеска на ГАК, едно во ковид центарот

Утрово министерот за здравство Венко Филипче и директорката на ГСК, Викторија Јовановска први во новата година одржаа прес конференција, на која ги изнесоа случувањата на Клиниките по славење на најлудата ноќ

-Првото бебе родено е машко, четврто во семејството на Сузана и Горан Стошиќ. Родено е во првата минута по полноќ,  има 3.070 килограми, а 50 сантиметри е долго. Една минута потоа родено е уште едно бебе, женско, прво бебе на мајката Симона Петреска. Тешко е 3.050 килограми, а долго исто така 50 сантиметри.  Утрово околу пет часот во ковид центарот се роди уште едно бебе. Мајката е позитивна, но и мајката и бебето се добри, рече Филипче и се осврна на уште неколку моменти, кои ноќеска се случувале на Клиниките.

-На Клиника за Токсикологија примени се 17 пациенти, од кои 11 биле во алкохолизирана состојба. Во службата за  Итна медицинска помош ноќеска имало околу 50тина повици,  највеќе поради алкохол, помалку повредени во физичка пресметка и и неколку сообракајќи, од кои една посериозна сообраќајка. На  Инфективна 60тина пациенти се хоспитализитани од ковид, а 40тина од нив се на кислородна поддршка, рече министерот.

Директорката на ГАК, пак, рече ова значи дека годината ќе ни биде одлична.

-По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца се добри, вклучувајки го и тоа во ковид центарот.  Првото бебе е породено спонтано, а второто е со царски. Во ковид одделот е само една пациентка која се породи нокеска, бебето е машко и тешко е 2.440 килограми, рече директорката.