Емотивниот живот на Наташа Беквалац секогаш предизвикувал внимание во јавноста, а она што остана интрига и после 12 години е нејзиниот однос со Новак Ѓоковиќ.
На пејачката Наташа Беквалац и беше поставено непријатно прашање и после една деценија реши да стави крај на шпекулациите кои се појавија.
Двајцата пред повеќе од деценија беа поврзувани дека се во врска, дека Новак ја раскинал тригодишната врска со Јелена за да биде со Наташа, а двајцата никогаш не го демантираа тоа.
Но, при една прилика во новогодишно интервју Наташа ја демантираше приказната и рече дека се работи за наместена афера.
– Новак е гордост на Србија и гордост на секој од нас. Мислам дека е тоа единствен човек кој во светот не претставува така што секој од нас да биде горд и таа тема во еден период ја интригираше јавноста, но мене и нему ни штетеше – рече Беквалац и конечно стави точка на шпекулациите.
Да потсетиме, Наташа зад себе има три брака. Првиот пат рече „да“ на Данило Икодиновиќ со кого ја има ќерката Хана, потоа бракот со бившиот ватерполист Љубо Јовановиќ и последниот брак и е со Лука Лазукиќ со кого ја има ќерката Катја.
Извор: Mondo.rs