Гвардиола објасни зошто го немаше Сане против Њукасл – ММС
ММС

Објавено на: 09/2/18 10:20 AM

Гвардиола објасни зошто го немаше Сане против Њукасл

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објасни зошто во составот за натпревар од Премиер лигата со Њукасл (2:1) не беше Лерој Сане.

Според Шпанецот, во тимот има многу добри играчи и конкуренцијата за секој натпревар е голема, а тој одлучува на кого ќе даде шанса:

„ На претходниот меч место немаше за Фил Фоден. Овој пат таков беше случајот со Сане. Имаме шест напаѓачи, и решив да изберам двајца напаѓачи. Исто така, двајца играчи беа на теренот, еден замина во резерва. Овој избор беше таков. Сане треба да продолжи да работи напорно и можеби ќе игра на следниот натпревар“.

Манчестер Сити е бранител на трофејот во Премиер лигата, а по првите четири рунди во годинашното првенство има три победи и едно реми.