Нови 542 случаи на ковид-19, оздравеле 298 пациенти, а починале 7 лица – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/21 2:44 PM

Нови 542 случаи на ковид-19, оздравеле 298 пациенти, а починале 7 лица

Во последните 24 часа се направени се 5.990 тестирања, а регистрирани се 542 нови случаи на ковид-19, информира Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје.

По градови, во Скопје има 280 нови случаи, Битола – 52, Охрид – 32, Кавадарци – 31, Прилеп – 28, Струмица – 20, Куманово – 13, Гевгелија – 11, Кичево – 9, Штип и Ресен – по 8, Валандово – 7, Велес – 6, Струга и Неготино – по 5, Тетово и Радовиш – по 4, Кочани – 3, Крива Паланка, Делчево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 2, Гостивар, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Богданци и Македонска Каменица – по 1.

Регистрирани сe 298 оздравени пациенти, а починале 7 лица. Од нив, од Скопје се тројца на 57г, 64г и 81г), две починати лица се од Битола (46г и 80г) и по едно лице од Охрид (76г) и Прилеп (73г). Сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.597.512 тестирања на ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 225.049, на оздравени пациенти е 211.846, на починати е 7.960, а бројот на активни случаи изнесува 5.243.