Според кинескиот хороскоп, 2022 година е година на тигарот. Јасно ни е за какво животно се работи, па соодветно избeрете новогодишни комбинации на облека.
Предност треба да им се даде на луксузни ткаенини, како што се кадифе, свила, велур, шифон и кожа. Со овие материјали додадете малку пердуви, светки, златен накит и крзнена чанта.
Се препорачува и чипка. Покрај тоа што ќе и даде софистицираност на целата комбинација, тоа ќе укаже и дека сакате Новата година да ја помине без никакви потешкотии, а во исто време да ви биде и интересна.
Што се однесува до боите, дадете предност на црна, сина, светло сина и зелена.
Според кинескиот хороскоп, лоши бои за најлудата ноќ во годината се црвена, бордо, виолетова, кафеава и други „мртви бои“, а исто така избегнувајте животински додатоци.
Доколку сакате да привлечете среќа, најдобар избор за вас е облеката во светли бои. Во овој случај, се препорачува да не се носат фустани, туку да се даде предност на секојдневниот стил. На тој начин „тигарот“ ќе сфати дека сте подготвени за акција, а среќата ќе ви треба само како поддршка и за да ја подигне вашата самодоверба.
Ако сакате љубов, изберете облека во сребрена боја.
Оние кои се желни за пари, нека изберат тиркизна и зелена комбинација.
Извор: radiosarajevo.ba