Твитерџиите не престануваат да го коментираат доаѓањето на актерот Кевин Спејси во Хрватска. Тој престојува за да преговара за иден проект. Наводно ќе го глумел Фрањо Туѓман во хрватски филм.
Твитерџиите коментираат дека тоа неверојатно.
„Тито го играше Ричард Бартон, а Фрањо ќе биде овој лицемерен предатор. Во филмот, како и во животот, најважна е распределбата на улогите“, е еден од коментарите на Твитер.
Имено, многумина се повикаа на претходните обвинувања против актерот за сексуална злоупотреба.
„Кутриот Кевин Спејси, на што спадна“, „Кевин Спејси е во преговори да глуми во нов филм во Хрватска. Срам за секој што ќе помисли да му даде работа на овој човек“, „Кевин Спејси може да го игра првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман. Па, терминот „лош филм“ добива сосема ново значење“, се уште некои од коментарите на Твитер.
Инаку, ова не е прво гостување на актерот во Хрватска. Пред 13 години беше во Дубровник и Хвар по престојот на Сараевскиот филмски фестивал.
Во својата долга кариера двапати освои два Оскари. Спејси глумеше во некои од најдобрите холивудски филмови, како Вител на животот, Приведете ги осомничените, Одмазда на холивудски начин, Барајќи го Ричард, Надвор од контрола, Ниту гледам, ниту слушам ..
Спејси беше обвинет за наводен сексуален напад врз 18-годишен вработен во ресторан во 2016 година на островот Нантакет. Овие обвиненија беа отфрлени бидејќи оштетениот одбил да даде исказ. Сепак, ова имаше големо влијание врз актерските ангажмани на Кевин, а Нетфликс, кој тогаш ја прикажуваше серијата „Куќа од карти“, со Спејси во главната улога, исто така ги прекина сите врски со актерот.
извор-index.hr
foto-danas.rs