Ставете детелина во паричникот и во Новата година ќе ви се множат парите – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/22 7:00 PM

Ставете детелина во паричникот и во Новата година ќе ви се множат парите

Сменете ја својата финансиска судбина во 2022 година, а парите ќе ви дојдат, ако ги ставите овие три работи во паричникот. Според старото верување за Фенг шуи, постојат работи кои можете да ги ставите во паричникот и да привлечете повеќе пари и изобилство во Новата година.

Детелина со четири листа

Сигурно ви е познато дека детелината носи среќа, а најдобро би било неа да ви ја подари некоја драга личност. За подолго да ви трае талисманот за среќа, детелината чувајте ја во мала хартија.

Среќна паричка

Тоа не мора да биде некоја голема пара, но важно е да ве потсетува на нешто убаво. Можеби, на некое убаво патување, на пример.

Фенг шуи парички

Ова е познато како амајлија за среќа. Обично се состои од 3 до 9 мали парички поврзани со конец, кои треба да ви привлечат богатство.

Извор: alo.rs