Вучиќ: Утре ќе го избркам Рио Тинто, но ќе обезбедите ли вие милјарда евра? – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/21 11:06 AM

Вучиќ: Утре ќе го избркам Рио Тинто, но ќе обезбедите ли вие милјарда евра?

Српскиот претседател Александар Вучиќ оценува дека зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот, енергетиката и унапредувањето на здравствениот систем се клучни предизвици со кои земјата ќе се соочи во 2022 година.

Вучиќ за празничното издание на „Вечерни новости“ истакна дека го загрижува состојбата во регионот и „притисоците од надвор“, а за српската економија вели не е загрижен, туку среќен и задоволен.

„Србија во последните две години е навистина најупешна во Европа. Ние 2021 ја завршивме со вкупен БДП од 53 милјарди евра. Кога станав претседател на владата, БДП изнесуваше 33 милјарди евра. Се што генерациите работеле и граделе претходните децении вредеше 33 милјарди евра, а само во последните седум години створивме дополнителни 20 милјарди евра“, наведува Вучиќ.

Тој повтори дека т.н „српски свет“ не е официјална политика, но оти „грижата за српскиот народ“ е.

„Во тоа нема ништо лошо и никој не може да го критикува. Во што е проблемот што дадовме два милиони евра на Никшиќ? Не беше српски свет кога дадовме пет милиони на Сребреница или 1,3 милиони на Дрвар“, вели Вучиќ.

Зборувајќи за протестите поради намерата на Рио Тинто да експлоатира литиум во долината Јадар, Вучиќ рече дека фирмата ја довеле во Србија и „преку Велика Британија на неа се обврзале оние тие денеска повикуваат на протести“.

„Во сето тоа нема ништо фер, но еве ајде утре да го избркам Рио Тинто, ќе обезбедите ли вие милјарда евра колку што би требало да платиме поради она што тие го потпишале? Или подобро е да се најде друг начин за решавање на проблемите. Битно е дека постои мораториум, нема понатамошни активности на Рио Тинто. Што ќе биде понатаму, ќе видиме“, рече Вучиќ.

 

извор:Н1