Во пожар целосно изгоре куќа во битолската населбата Баир. Повредени лица нема.
Случајот во битолската полиција бил пријавен околу 03:30 часот по полноќ, а Територијалната противпожарна единица-Битола успеала да го локализира пожарот околу 04:15 часот.
Полицијата информира дека увидот ќе се врши во текот на денешниот ден.