Андре Онана беше столб на голот на Ајакс и на чекор до трансфер во голем европски клуб, но беше осуден на 12 месеци суспензија поради допинг. Тој очекува да се врати на терените во февруари следната година, а дури сега откри што точно се случило и зошто бил суспендиран.
Тој открил дека бил позитивен на допинг тестот додека бранел за Камерун, а за „фуросемидот„ на кој бил позитивен дотогаш не слушнал. Што точно се случило? Испил погрешна пилула!
– Откако зборував со Ајакс, ја повикав девојка ми Мелани. Бев сигурен дека направиле грешка. И реков што се случило, а таа потоа ми рече: „Андре, фуросемидот…тоа е лекот кој докторите ми го дадоа за време на бременоста“. Тоа ме погоди. Не беше административна грешка – раскажа Онана за „Плејерс трибјун“.
Лекарот на Ајакс отишол во нивниот дом и проверил што се случило. Дошло до грешка затоа што во ормарот на Онана наместо апче за главоболка имало препарати кои ги користела неговата девојка.
– Сум ги измешал кутиите, изгледаа идентично. Да му се невиди, една мала пилула од 40 милиграми – рече Онана.
Но, УЕФА не се смилува и не му ја намали суспензијата и поради тоа ги пропушти освојувањата на трофеите со Ајакс, како и следниот африкански Куп на нации кој ќе почне кон крајот на јануари.
Извор: Mondo
Фото: Transfermarkt