Тетовирани фудбалери во Кина не можат да играат за репрезентацијата – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/21 2:59 PM

Тетовирани фудбалери во Кина не можат да играат за репрезентацијата

Според новите правила на Фудбалскиот сојуз на Кина, на фудбалерите кои настапуваат за репрезентацијата ќе им биде забрането да се тетовираат и им се советува да ги отстранат тетоважите што веќе ги имаат.

Во соопштението на Фудбалската асоцијација се вели дека регрутирањето на нови играчи со тетоважи на национално ниво и во младинските тимови е „строго забрането“, пренесува Би-би-си.

Се додава дека ваквата одлука ќе помогне за „добар пример во општеството“.

Во соопштението на Генералниот директорат за спорт (ГАС) се вели дека националните играчи со тетоважи биле советувани да ги отстранат.

На некои кинески национални ѕвезди, вклучувајќи го и дефанзивецот Жанг Линпенг, претходно му било кажано да ги прикријат своите тетоважи.

Во кинеската култура, тетоважите се поврзуваат со организираните криминални групи во Источна Азија, а меѓу етничките групи често се гледаат како симбол на нецивилизираните.

Кинеската владејачка Комунистичка партија не ги одобрува, но тие стануваат сè попопуларни меѓу помладата популација.

извор-alo.rs