Самоволието и ароганцијата на кланот на власт продолжува со несмален интензитет. Се она што во нормални, напредни, проевропски, светски, НАТО држави се смета за корупција и криминал, овдешната власт го смета за „општо добро“ – реагира денеска опозицијата.
„А што е тоа општо добро кога во сите државни ресурси се ставени во функција на одбрана на една политичка партија во предизборен, пардон предреферендумски период? Владата признава дека секојдневните активности на министрите ќе бидат во функција на партијата, во пресрет на референдумот. Притоа се злоупотребуваат ресурси и буџетот и моќта за влијание. Тоа не е општо добро тоа е општа корупција и злоупотреба на власта за партиски цели, за купување, за корупција на гласачкото право на граѓаните“, изјави на денешната прес кнференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Само за кланот на власт не важи правната аналогија дека сите правила што важат за избори важат и за референдум, бидејќи гласачот се определува за политичка опција, политичка понуда, дали се согласува или не. Во тој момент мора да запрат сите тендери и огласи за времени вработувања бидејќи се криминално дело – корупција за изборни цели. Но наместо да се сопре, сега власта со сета ароганција вели – злоупотребите на државните ресурси во полза на една политичка опција се за општо добро“, додаде Стоилквски.