ДУИ од 10 сепрември ќе ја почне кампањата за референдумот – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/18 1:20 PM

ДУИ од 10 сепрември ќе ја почне кампањата за референдумот

ДУИ од 10 септември ќе ја почне кампањата за референдумот во чии рамки на граѓаните ќе им ги објаснува предизвиците пред кои се наоѓа земјата и придобивките од членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

–  На 10 септември ќе почнеме активна комуникација со граѓаните за да им се објасни предизвикот пред кој се наоѓа државата и иднината на генерациите што доаѓаат, како и тоа што го добиваме за возврат ако успееме Македонија да ја направиме членка на најголемата воено-политичка алијанса и да не најде во неа периодот на тешки предизвици во целиот регион – рече вицепремиерот Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање по средбите што со други владини претставници и носители на јавни функции ги имаше во општина Чаир.

Тој информира и дека ДУИ за таа цел веќе има формирано централен штаб, како и оти ќе има и штабови на органоци и месни заедници