Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко е во посета на Русија и на претседателот Владимир Путин му подарил корпа полна со белоруски производи и кристални чаши произведени од белоруска фабрика за стакло, објави каналот „Пул први“ на Телеграм.
– Подароците се секогаш интересен дел од посетите на Лукашенко. И овој пат не дојде со празни раце. Како и секогаш, има корпа со највкусните јадења од Белорусија – колбаси, сирење, а и комплет чаши – се наведува во соопштението и потсетува дека Лукашенко заминал во работна посета на Санкт Петербург.
Лукашенко вручил Путину подарок и…
Первый замглавы правительства Беларуси Снопков: мы запросили у России новый кредит на 3,5 млрд. долларов pic.twitter.com/XQa3WTnarq
— Директор✖️Кладбища (@directklad) December 29, 2021
Путин го пречекал со „мерцедес“ пред да се упатат на состанок во Санкт Петербург, пишува РИА Новости.
Путин заехал за Лукашенко на «Мерседесе». А что с «Аурусом»? pic.twitter.com/uaNE3iAdST
— Dmitry Kolezev (@kolezev) December 29, 2021
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков претходно изјави дека се уште не е утврдено кои одлуки ќе ги донесат Путин и Лукашенко .
Ивор: novosti.rs