(Видео) Силен земјотрес од 7,2 ја стресе Индонезија, се тресеше и Австралија – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/21 10:32 PM

(Видео) Силен земјотрес од 7,2 ја стресе Индонезија, се тресеше и Австралија

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Барат Дају во Индонезија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).


Земјотресот се почувстгвувал и во Австралија, а предупредување за цунами се уште не е издадено.


Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар соопшти дека земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала погодил северно од Источен Тимор во раните утрински часови, пренесоа австралиските медиуми, чии жители рано наутро ги разбудил и исплашил потресот.