Сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, сообраќајот се одвива отежнато – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/18 11:48 AM

Сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, сообраќајот се одвива отежнато

Сообраќајот на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево кај селото Церово се одвива отежнато, а возилата се пропуштаат наизменично, поради увидот на сообраќајна незгода.

Утрово околу 9:30 во близина на селото Церово, дошло до соораќајна несреќа во која две лица се повредени, од кои едното потешко. Од сé уште неутврдени причини се судриле три автомобили: „ауди“ со тетовски ознаки, „форд-мондео“ со скопска регистрација и „ауди“ со швајцарски регистерски ознаки – соопштија од тетовската полиција.

Извесно време патниот правец кон Стража беше во застој, а од пред еден час полицијата врши регулација на движењето на возилата наизменично во обата правци.