Си ги заклал сопругата и двете ќерки, фрлил бомба во куќата па се обесил на греда – Хорор во Србија – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/21 6:00 PM

Си ги заклал сопругата и двете ќерки, фрлил бомба во куќата па се обесил на греда – Хорор во Србија

Соседите од улицата Симо Шолаја во Сомбор во која се случи страшна семејна трагедија, велат дека сопругот си ја заклал својата сопруга, си ја убил ќерката, па фрлил бомба на куќата и потоа се обесил. Во меѓувреме пожарникарите го пронашле и четвртото тело за кое во прв момент не се знаело кое, но потоа се дознало дека се работи за втората ќерка.

Здравко  Г. освен сопругата ги убил и двете ќерки, а засега не се знае што со синот бидејќи во семејството имало три деца.

– Се слушнаа две силни детомации, а потоа видовме пожар во куќата на нашите соседи. Сцената беше грозоморна. Како што слушнавме, соседот прво ја заклал сопругата, па фрлил бомба и ја убил ќерка си, па се обесил – рекоа соседите.

Извор: Mondo.rs

Фото: Mondo/Урош Арсиќ