На денешната трета седница на Советот на Град Скопје , беше усвоена дополнителна точка која ќе се најде на дневниот ред.
Со 24 за, 19 против, без воздржани советници со поединечно гласање беше усвоена точката „За промена на имиња на мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје“ која ќе се најде како 20 -та точка на дневниот ред на денешната седница.
Инаку седницата доцнеше на што се пожалија дел од советниците. По утврдување на дневниот ред, претседателот на Советот Трајко Славевски побара пауза.
Седницата може да ја следите тука:
Видео пренос од третата седница на Советот на Град Скопје
Видео пренос од третата седница на Советот на Град Скопје
Posted by Град Скопје on Wednesday, December 29, 2021