Мицотакис: Договорот од Преспа на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет – ММС
ММС

Објавено на: 09/1/18 9:20 AM

Мицотакис: Договорот од Преспа на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет

Ставовите дека Договорот од Преспа „на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет“, но и дека Нова демократија нема да го ратификува ниту во овој ниту во следниот парламент уште еднаш ги повтори лидерот на најголемата грчка опозициска партија Кирјакос Мицотакис, говорејќи на настан организиран од подмладокот на Нова демократија.

Дописничката на МИА од Атина јави дека Мицотакис рекол оти до договорот се стигнало во тајност, „во отсуство на народот, во отсуство на парламентот, во отсуство на опозициските партии“ и веќе носи негативни резултати за Грција.

„Договор кој искривувајќи ја 27-годишната националната линија на нашите соседи им отстапува македонски јазик и македонски идентитет. Тоа е договор кој секако Нова демократија нема шанси да го ратификува ниту во овој ниту во следниот парламент. Постапките на владата се национално опасни. Веќе веднаш произведоа негативни резултати“, потенцирал Мицотакис индиректно обвинувајќи ја  грчката влада дека не реагира и не одговара на изјавите кои доаѓаат од македонскиот државен врв.