Ким Кардашијан неодамна ја официјализираше врската со комичарот и актер Пит Дејвидсон, кој е 14 години помлад од неа, а заедничките фотографии ги преплавија порталите ширум светот.
И додека старлетата ужива со новиот партнер, нејзиниот поранешен сопруг Кање Вест на секој начин се обидува да ја врати назад.
Своите намери најпрво ги покажа во говорот што го одржа во една прилика и нагласи дека „Господ повторно ќе го спои со КИМ“, а сега купи и вила спроти куќата во сопственост на неговата поранешна сопруга.
Според странските медиуми, Кање платил 4,5 милиони долари за вила во луксузен дел на Лос Анџелес, а се простира на повеќе од 3.000 квадратни метри и има пет спални соби и три бањи.
Се наведува и дека раперот платил речиси половина милион повеќе од цената за која е продаден, се со цел да биде што поблиску до поранешната сопруга, која очигледно не може да ја преболи.
Извор: mondo.rs