Над 30.000 новогодишни желби пристигнаа на адреса до Дедо Мраз – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/21 8:52 AM

Над 30.000 новогодишни желби пристигнаа на адреса до Дедо Мраз

Поштата на Дедо Мраз постави нов рекорд – 44 волонтери одговориле на рекорден број детски писма со новогодишни желби, односно 30.000.

Поштата во германското село Свети Никола, до која деца од сите делови на светот повеќе од 50 години испраќаат писма до Дедо Мраз, добила 30.711 писма, најмногу до сега. На писмата одговориле 44 волонтери, а ги испратиле деца од 43 земји.

Најголем дел од писмата биле од Германија, околу 90 отсто, додека меѓународните писма пристигнале од Тајван (1.083), Франција (374), Кина (352).

Волонтерите одговараа на секое примено писмо и секој плик го обележаа со посебна поштенска марка Свети Никола.

Преземено од: https://www.alo.rs/