Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Крит, според прелиминарните проценки на Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Земјотресот бил почувствуван во 7:08 часот по грчко време (6:08 по македонско) на 37 километри југозападно од Арби. Длабочината на потресот се проценува на 45 км.
Според cretapost.gr, вибрациите биле интензивни и траеле неколку секунди.
Иако засега нема информации за штети, возилата на Противпожарната бригада вршат проверки на местата каде што се чини дека повеќе се почувствувале сеизмичките вибрации.
Според Ројтерс, потресот бил почувствуван во делови на Египет.