Магличаво и облачно утро не’ внесува во врнежлив ден – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/21 8:15 AM

Магличаво и облачно утро не’ внесува во врнежлив ден

Во текот на ноќта беше умерено до значително облачно, утрово е претежно облачно. По котлините има појава на магла. На места имаше појава на слаб дожд. Измерени се  -2 степени во Лазарополе, -1 Берово, Попова Шапка, 0 Маврово, 1 Тетово, Битола, Кр. Паланка, Крушево, 2 Дебар, 3 Прилеп, Охрид, Претор, 4 Скопје – Зајчев Рид, Скопје – Петровец, Штип, Виница, 5 Куманово, Струмица, 7 Д. Капија, 8 Гевгелија, Дојран.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ ЗА ИЗМИНАТИТЕ 24 ЧАСА до 7 часот (во л/м2)

2 Штип, 1 Берово, Дојран.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта беше умерено до значително облачно, утрово е претежно облачно. По котлините има појава на магла. На места имаше појава на слаб дожд.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Значително облачно со повремени локални врнежи од дожд, само на повисоките планини од снег. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот ќе почне да дува умерен до засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13 степени.

Во Скопје претежно облачно, претпладне магливо, а преку денот со повремен дожд. Кон крајот на денот ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.